Поранешниот македонски прволигаш КК Водњански Лисици по неколкугодишна пауза повторно се активира и ќе биде дел од кошаркарската сцена во нашата држава.
Како носителка на проектот се појавува поранешната репрезентативка Едина Муса, а според информациите од клубот, за нов ренер е именуван Влатко Владичевски, кој ќе соработува со Ристе Стефанов и со Дарко Здравковски.
„Со огромно задоволство информираме дека денес се возобновува “КК Водњански Лисици” кој годинава ќе слави и јубилејни 30 години од основањето на клубот.
Благодарение на многуте пријатели, помагатели и спонзори на клубот, изградивме амбициозна стратегија и план за работа и развој на клубот кој ќе атакува на највисок пласман и статус на прволигаши во период од две години.
Веќе се обезбедени најдобри услови и тоа:
⦁ Исклучително компетентен стручен кадар предводен од македонската кошаркарска легенда Влатко Владичевски, засилен со уште две репрезентативни кошаркарски величини Ристе Стефанов и Дарко Здравковски
⦁ Тренинзи и натпревари во малата сала во СЦ Јане Сандански
⦁ Ангажман на професионален кондиционен тренер и психолог
⦁ Клубот ќе настапува во опрема на HUMMEL
⦁ Благодарение на бројните помагатели, се ќе биде бесплатно за младите играчи кои ќе ги бранат боите на клубот
⦁ Сите натпревари ќе одат со директен пренос на стрим каналот на МОК ТВ
⦁ Обезбедени висински базични подготовки“, се вели во соопштението на КК „Водњански Лисици“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

