Струга оди во Литванија во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак Струга имаше сосема солидна ждрепка во денешното извлекување за првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите.

Стружани беа неносители во ждрепката, успеаја да изегнат ривали како Лудогорец и Ференцварош, па за противник го добија составот на Жалгирис. Актуелниот првак на Литванија е ривал по мерка за македонскиот шампион, кој со соодветни подготовки и малку спортска среќа може да се надева на егал натпревари во борба за следната квалификациска рунда

Првиот натпревар ќе се игра во Каунас на 11/12 јули, а стружани ќе бидат домаќини на реваншот што ќе биде закажан на 18 или на 19 јули.

ДВОЈКИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ

Хакен (Шведска) – ТНС (Велс)

Балкани (Косово) – Лудогорец (Бугарија)

Шамрок (Ирска) – победник од квалификациите

Жалгирис (Литванија) – Струга (Македонија)

Клаксвик (Ф. Острови) – Ференцварош (Унгарија)

Олимпија (Словенија) – Валмеира (Летонија)

Хелсинки (Финска) – Ларне (С. Ирска)

Раков (Полска) – Флора Талин (Естонија)

Карабах (Азербејџан) – Линколн (Гибралтар)

Слован Б. (Словачка) – Свифт (Луксембург)

Фарул Констанца (Романија) – Шериф (Молдавија)

Хамрун (Малта) – Макаби (Израел)

Урарту (Ерменија) – Зрињски (БиХ)

Партизани (Албанија) – БАТЕ Борисов (Белорусија)

Астана (Казахстан) – Динамо Тбилиси (Грузија)

Се вчитува...