Американецот Томас, прво засилување на Феникс за новата сезона

Македонскиот прволигаш Феникс го комплетираше првиот трансфер за новата натпреварувачка сезона, откако постигна договор за соработка со Деандре Томас, американски бек за кого ова ќе биде прво искуство во Европа.

Томас доаѓа од редовите на Универзитетот Маунт Сент Мери, каде минатата сезона имаше просек од 7,5 поени и 2,4 асистенции по натпревар. Тој од стартот на подготовките ќе му се стави на располагање на тренерот Дервишевиќ, во обид Феникс повторно да создаде квалитететен ростер откако оваа екипа минатата сезона стигна и до финалето од Купот на Македонија.

Овој клуб вообичаено ја базира играта на домашните кошаркари во екипата, тренд што ќе остане и за наредната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...