Жирес доби отказ, повеќе не е селектор на Косово

Ален Жирес повеќе не е селектор на Косово откако фудбалската федерација на оваа земја реши да ја прекине соработката со францускиот стратег. Како пресуден се покажа вчерашниот пораз од Белорусија од 2-1, по што беше донесена одлуката за селекторска промена во косовскиот национален тим.

„Фудбалската Федерација на Косово објавува дека е донесена одлука за прекин на соработката со Ален Жирес од функцијата селектор. Му благодариме на Жирес за посветеноста во работата додека ја извршуваше оваа функција“, се вели во соопштението ан косовската куќа на фудбалот.

Косово по четири одиграни кола од овој квалификациски циклус освои само три бода и моментно се наоѓа на петтото место во групата, единствено пред тоталниот аутсајдер Андора.

Новиот селектор ќе има тешка задача ако се знае дека Косово во првото наредно коло во септември ќе го пречека лидерот Швајцарија.

Се вчитува...