Далиќ ќе му биде тренер на Роналдо, Хрватска ќе мора да бара нов селектор за ЕП 2024?!

Хрватска би можела да остане без селектор во текот на летово откако пребогатите газди на Ал Наср искажале сериозен интерес да го доведат Златко Далиќ на кормилото на овој клуб. Тимот на Кристијано Роналдо имаше разочарувачка сезона и Ал Наср сака да тргне по трофеи наредната сезона, а газдите на клубот веруваат дека Далиќ е вистинскиот човек за такво нешто.

Хрватот веќе имаше ангажмани во оваа земја, како тренер на Ал Фаисали и на Ал Хилал. Тој е селектор на Хрватска уште од 2017 година, остварувајќи извонредни резултати со оваа репрезентација, по едно мундијалско сребро и бронза, како и сребрен медал на последното издание на Лигата н Нации.

„Јас се уште имам мотиви, ме влече љубовта кон Хрватска и не постои поубава функција од оваа што ја извршувам во моментов. Имаме три медали за пет години, со тоа не можат да се пофалат ниту многу поголеми држави и посилни репрезентации од Хрватска. Секогаш сум имал понуди, ќе имам и во иднина“, изјави пред неколку дена Златко Далиќ.

Останува да се види дали ќе го смени ставот сега, по мултимилионската понуда од Ал Наср.

Се вчитува...