Продолжува мизеријата на Германија: Пораз од Колумбија во Гелзенкирхен (ВИДЕО)

Германскиот национален тим како домаќин е веќе квалификуван на ЕП 2024 година, па додека има квалификации, Германија игра пријателски средби. Овој јуни одигра три, и на ниту еден од нив не успеа да триумфира, со скор од два порази и едно „реми“.

Најпрво откако одигра „реми“ со Украина 3-3, спасувајќи се во последните минути, потоа и пораз од Полска, вечерва во Гелзенкирхен уште еден пораз за Германците, овој пат од Колумбија на меч одигран во Гелзенкирхен.

Колумбијците со голот на Диаз во 54. минута дојдоа до предност на овој меч. Конечните 0-2 ги постави Квадрадо од пенал во 82. минута.

Селекторот Флик е на удар на јавноста по слабите настапи на селекцијата на СП во Катар каде испадна од групата, и во овие пријателски мечеви, но тој се правда дека селекцијата е во транзиција.

Се вчитува...