Репрезентацијата на Шкотска се најде во ситуација да биде пред портите на пласман на ЕП 2024 година, откако синоќа ја совлада селекцијата на Грузија со 2-0, и така собра максимални 12 бодови од четири натпревари.
Шкотланѓаните со тоа го совладаа светскиот првак Шпанија на домашен терен, го победија Кипар исто како домаќини, а потоа како гости славеа и над Норвешка.
Така Шкотска има 12 бодови, или осум повеќе од Грузија и Норвешка, со напомена дека Грузијците имаат меч помалку. Шпанија има три бодови, но по само два одиграни меча, додека Кипар е без бодови од три одиграни натпревари.
Покрај Шкотска, со максимален учинок од четири победи е и Англија во групата Ц каде што е и Македонија. Четири победи имаат и Франција и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА