Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија се одлучи пред неколку дена да не го продолжи договорот со Јувентус. Тоа значи дека крилниот фудбалер ќе има нов клуб летово, а веднаш почнаа шпекулации за неговата нова средина.
Аргентинецот наводно веќе се договорил за „кам-бек“ во португалскиот тим Бенфика. Ди Марија играше во овој клуб од 2007 до 2010 година, од каде потоа се пресели во Реал Мадрид за 35 милиони евра. Играше и за Манчестер Јунајтед, ПСЖ од каде замина во Јувентус.
Имаше шпекулации дека може да продолжи во САД или во Саудиска Арабија, но на крајот Аргентинецот се одлучи за својот поранешен тим од Португалија во кој можеби и ќе ја заврши кариерата со оглед дека веќе има 35 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА