Бугарија се до последните секунди имаше предност во дуелот со Србија. Меѓутоа Србите со гол на 10 секунди пред последниот свиреж постигна гол, и така извлече бод од гостувањето во Разград.
Стрелецот на единствниот гол за Бугарија беше Кирил Десподов. Тој не го криеше разочарувањето за загубата на два бода буквално во последните секунди од мечот. После натпреварот даде интересна изјава.
„Мислам дека само нам на овој свет може да ни се случи на 10 секунди пред крајот да примиме гол. Не можевме да издржиме 10 секунди. 10 секунди!!! Таа топка која ја загубивме на центарот, требаше да ја рогнеме на трибините, па да ја бараат 15 минути. Требаше да ја рогнеме и ќе завршеше мечот“, изјави Десподов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА