Алвес за прв пат проговоре откако заврши во затвор: Не знам како таа спие во ноќта, но се и е простено

Дани Алвес за прв пат се обрати на медиумите откако пред неколку месеци беше уапсен и заврши во затвор по оптужба за силување. Поранешниот бразилски фудбалски ас во ексклузивно интервју за Мика Наваро ја откри неговата страна од приказната.

Бразилецот вели дека тој нема никаква врска со обвинението, а очигледно дека и некој лошо ја советува. Сепак и покрај тоа што не спие мирно, се и простува.

„Не знам дали совеста и е чиста, не знам како спие во ноќта, но се и простувам. Апелирам на нејзината свест. Ниту една ноќ откако сум тука немам спиено мирно. Ниту една ноќ. Никогаш на никој не сум му згрешил, а ни нејзе таа ноќ. Мојата совест е чиста. Одлучив да го дадам ова интервју за луѓето да знаат што имам јас да кажам. Сакам да ја знаат мојата приказна која ја доживеав тоа утро и во тој тоалет. Досега се прераскажуваше приказна која нема врска со тоа што навистина се случи. Влегов во тоалет по неа, не ја заклучив вратата, таа остана отворена. Можеше да замине од тоалетот во било кое време бидјеќи јас седев на шолја. Очигледно дека некој лошо ја советува, а и сигурно се чувствува лошо за тоа што се случи и не знаела како да се носи со тоа па и себе и мене не доведе во неволја“, вели Алвес.

Се вчитува...