Саша Обрадовиќ останува на чело на Монако

Српскиот стратег кој го предводи Монако, Саша Обрадовиќ при крајот на сезоната беше топ тема во кошаркарскиот свет, но во негативен контакт поврзан со заминување од „Кнежевството“ каде оваа година направи огромен успех завршувајќи на третото место во Евролигата и освојувајќи ја титулата во француското првенство.

Сепак на гласините им дојде крајот откако генералниот менаџер на Монако, Олeксиј Јефимов ги расчисти сите дилеми велејќи дека Србинот ќе остане на чело на тимот и во иднина.

„Саша Обрадовиќ останува тренер на Монако. Саша има договор и нема дилема за неговата иднина тука“, изјави Јефимов.

Во завршна фаза се и преговорите со Мајк Џејмс, најдобриот кошаркар на „кнезовите“ кој е пред потпис на нов договор со кој ќе остане во Монако и во наредните две сезони.

Се вчитува...