Неодговорното однесување на Нејмар на фудбалскиот терен и надвор од него е добро познато за јавноста, но асот на ПСЖ сега се најде на удар и во Ф-1 јавноста, поради најавените промени околу безбедноста на трките токму поради Бразилецот.
Имено, Нејмар беше специјален гостин на Мерцедес благодарение на Луис Хамилтон на трката во Барселона, добивајќи акредитација со која е обезбедено и спуштање на самата патека. Ваквите акредитации не се реткост, но со нив следат и јасни правила – сите лица кои ги поседуваат мораат да ја напуштат патеката пред почетокот на кругот за загревање. Ова правило досега редовно беше почитувано, се додека Нејмар реши да го прекрши, останувајќи на патеката и за време на кругот, по што ја напуштил патеката заедно со механичарите на Мерцедес.
Инцидентот е забележан од страна на челниците на Формула 1, кои сега токму поради бразилскиот фудбалер најавуваат промена на правилата. Отсега, место на патеката ќе има само за членовите на тимовите, телевизиските екипи и луѓето кои ќе имаат специјална дозвола за такво нешто од ФИА, а не од Ф-1 тимовите.
Со тоа, познатите личности и ВИП-гостите ќе немаат можност повеќе да се „врткаат“ по гаражите и боксот, а на патеката ќе можат да се симнат дури по завршувањето на сезоната. Се поради Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА