Талант Душебајев се уште е разочаран од новиот финален пораз на Киелце во Лигата на Шампионите, откако во драматична завршница полскиот гигант загуби од Магдебург.
Одличниот стратег потенцираше дека искрено жали за една работа од ова големо финале – што во самиот финиш од регуларниот дел немал храброст да тргне со „седум на пет“ во последниот напад на Киелце. Мечот беше израмнет, а Киелце на 16 секунди до крајот го имаше последниот напад со играч повеќе поради исклучување на еден играч на Магдебург. Душебајев немаше храброст да ризикува и да го повлече голманот од игра, одигра „шест на пет“, противникот се одбрани и мечот замина во продолженија во кои Магебург стиггна до победата.
„Низ годините станав помудар, поискусен. Истовремено, да кажам дека сум помалку авантуристичен. Престанавме да правиме работи кои се луди, за некого можеби и глупави. Откако заврши финалето, не можам да си простам една работа – што не игравме „седум на пет“ во последните 16 секунди. Не го говорам ова од сегашна перспектива бидејќи знам како заврши мечот, туку едноставно – бидејќи е спортски да направиш се што можеш за да стигнеш до победата, некогаш и да ризикуваш. Тоа е вистинскиот начин, а јас не го одбрав и искрено жалам за тоа. Ако се најдам пак во слична ситуација, нема да се двоумам“, прокоментира Талант Душебајев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА