На руските и белоруските тенисери ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на Вимблдон оваа година, за разлика од минатата година – но не и на јуниорите кои добиваат стипендии од Руската Федерација или имаат спонзори во таа земја.
Тоа практично значи дека нема да може да учествува ниту еден од најдобрите млади тенисери од оваа земја.
Одлуката да им забрани да се натпреваруваат на деца помлади од 18 години ја донесоа Британците поради прописите според кои руските спортисти кои добиваат финансиска помош од државата треба да бидат спречени да се натпреваруваат.
Оваа вест ја пренесуваат некои руски портали, но не наведуваат дали истата мерка важи и за белоруските јуниори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

