Познат календарот за Ла лига: Барса почнува со Хетафе, Реал со гостување во Баскија

Шпанската Ла лига го објави распоредот за новата сезона која ќе стартува на 12. август.

Во првото коло актуелниот шампион Барселона ќе му гостува на Хетафе, додека Реал Мадрид ќе има тешка задача откако ќе патува во Баскија кај Атлетик Билбао.

Доколку Столе Димитриевски остане во Рајо Валјекано неговиот прв меч ќе биде против Алмерија на гостински терен.

Првото „Ел-класико“ во сезоната ќе се игра на 29. октомври во 11. коло во Барселона, додека мечот во Мадрид е закажан за 21. април како дел од 32. рунда.

Се вчитува...