Германската репрезентација е во многу тешка ситуација. Информациите од таа земја говорат дека може да има смена на Ханс Флик кој во последно време има слаби резултати со селекцијата. Од дебаклот и испаѓањето во групната фаза на Мундијалот во Катар, Германците тешко победуваат, а на последните пет меча Германците имаат само една победа над Перу од 2-0, додека имаат порази од Полска, Колумбија и Белгија, и „реми“ против Украина.
Германската јавност на мечот со Колумбија во Гелзенкирхен покажа дека сака смена на Ханс Флик. Тие сакаат Јирген Клоп да биде новиот селектор на Германија, и да ги предводи на идното ЕП кое се одржува во нивната земја, и тоа е шанса да се закитат со трофејот, првпат после 1996 година.
Меѓутоа веднаш стигна разочарувањето од страна на менаџерот на тренерот на Ливерпул, кој за можноста неговиот клиент да ја презеде Германија, тој изјави:
„Клоп има договор со Ливерпул, а и Германија има селектор“, изјави Марк Косицке.
Договорот на Клоп со „црвените“ е до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

