Мурињо го напушти фудбалскиот одбор на УЕФА откако доби казна од четири меча

Португалскиот стратег Жозе Мурињо одлучи да го напушти Фудбалскиот одбор на УЕФА каде што беше член откако доби суспензија од четири меча поради расправијата со судијата Ентони Тејлор во финалето од Лига Европа.

УЕФА жестоко ги казни Жозе Мурињо и Рома поради инцидентите за време и по завршувањето на финалниот дуел од Лигата на Европа против Севилја.

„Волчицата“ го загуби тој меч на пенали, а Мурињо беше бесен на арбитражата на Ентони Тејлор, дури и чекајќи го англискиот судија на паркингот под стадионот, по што упати серија навреди на негова адреса.

Се вчитува...