Со Партизан ја освои АБА лигата, па само неколку часа потоа драфтуван од Вашингтон визардс

Кошаркарот на Партизан, Тристан Вукчевиќ откако синоќа со Партизан ја освои титулата во АБА лигата по триумфот во петтиот меч од финалето против вечниот ривал Црвена Звезда, само неколку часа потоа со нова позитивен момент во својата кариера.

Младиот центар синоќа драфтуван за Вашингтон визардс во НБА лигата, со што Србија доби уште еден кошаркар во најсилната лига на светот. Вукчевиќ е избран за 42-ри пик на годинашниот драфт. Се уште е непознато дали во НБА ќе се пресели ова или следното лето.

Од европските кошаркари, пред Вукчевиќ на драфтот беа само првиот пик Виктор Вембањама кој заврши во Сан Антонио и Билал Кулибали како седми пик на Индијана.

Се вчитува...