Јувентус веќе договори две засилувања за новата сезона

Јувентус веќе договорил две засилувања за новата сезона кои наскоро ќе имаат официјална промоција во клубот.

Како што пренесува „Скај Спорт“, Јувентус за следната сезона ги договорил Томас Парти од Арсенал и Тимоти Веа од Лил. Информациите говорат дека за двете засилувања вкупно ќе плати околу 30 милиони евра.

„Старата дама“ изминатата сезона заврши на седмото место во Серија А обезбедувајќи настап во УЕФА Конференциската лига.

Се вчитува...