Хаџибегиќ не е повеќе селектор на БиХ

По лошите резултати во квалификациите за ЕП 2024 и посебно последниот неочекуван пораз од Луксембург во Зеница, од Фудбалскиот сојуз на БиХ се одлучија да се разделат со актуелниот селектор Фарук Хаџибегиќ.

Хаџибегиќ ја загуби довербата на челниците на фудбалскиот сојуз кои сега се во потрага по нов селектор.

Претходно, Хаџибегиќ на прес-конференцијата по поразот од Луксембург истакна дека „не може со Спачек да го освои Формула 1 натпреварувањето“, алудирајќи на актуелниот состав со кој располага босанската репрезентација главно со фудбалери кои не играат во своите клубови.

Се вчитува...