Барселона испрати официјална понуда до Интер за Брозовиќ

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ по речиси девет години во Интер е пред заминување од миланскиот клуб. Единствено прашање е дали кариерата ќе ја продолжи во Барселона или во Ал Наср во Саудиска Арабија.

Саудијскиот клуб веќе испрати понуда од 18 милиони евра до Интер како отштета за 30-годишниот Брозовиќ, а на Хрватот му нуди плата од 15 милиони евра годишно.

Но, желбата на Брозовиќ е трансфер во Барселона и покрај тоа што таму би добивал половина сума помалку од она што го нуди Ал Наср. Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила понуда до Интер за замена на Франк Кеси и Марсело Брозовиќ. Истата понуда беше испратена и пред шест месеци, но тогаш договорот пропадна. Сега е можна реализација на еден ваков договор.

Се вчитува...