Претседателот Пендаровски со медал за заслуги за Лечиќ, Буштур, Насев, Богоевски и Костовски

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски со Медал за заслуги ги одликува Лазар Лечиќ, постхумно – Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски на денешната манифестација во вила „Водно“.

„Иако сме мала нација како број, горди сме на нашите врвни спортисти кои во индивидуалните и колективните спортови остварувале и остваруваат највисоки резултати. Посакувам нивните врвни резултати и постигнувања да бидат поттик за сите млади да тргнат по нивните стапки и повторно да ја радуваат македонската нација“, изјави претседателот Пендаровски.

Се вчитува...