Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) апелираше до Украина да им даде шанса на своите спортисти да се квалификуваат за Олимписките игри во Париз во 2024 година и покрај делумната забрана за руски и белоруски спортисти.
Претседателот на МОК, Томас Бах, рече дека олимпиското тело ќе го поддржи „секој украински спортист“ кој сака да учествува во олимписките квалификации во нивниот спорт.
„Сакаме да му овозможиме на секој украински спортист да се квалификува и да учествува на Олимписките игри“, рече Бах на почетокот на седницата на МОК и додаде: „Ќе го поддржиме секој Украинец во подготовките и учеството на кое било натпреварување“.
Во март, Украина им забрани на своите национални спортски тимови да се натпреваруваат на олимписки, неолимписки и параолимписки настани во кои има натпреварувачи од Русија и Белорусија.
Се уште не е донесена одлука за учество на Русија и Белорусија на Олимписките игри во Париз следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА