Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш го продолжи договорот со Кристијан Анастасовски, кој во Кавадарци ќе остане уште две сезони.
Анастасовски во Тиквеш стигна во вториот дел од изминатата сезона и веднаш се покажа како одлично засилување за кавадарчани.
Кружниот напаѓач беше еден од клучните играчи во составот на Матлиески кој успеа да избори Европа следната сезона.
Тиквеш претходни ги продолжи договорите и со Страхиња Симиќ, Димитар Коцев, Евгениј Темелкоски, Никола Стефановиќ и Славчо Шулевски, а во клубот стигнаа и Мирко Мајиќ и Ани Обина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА