Женската тениска репрезентација на Македонија со максимален учинок од пет победи се пласираше во финалето на турнирот во Скопје како дел од третата европска зона од Били Џин Кинг купот.
По двата меча во поединечна конкуренција македонските тенисерки веќе ја осигураа победата против Молдавија.
Откако прво утрово славеше Магдалена Стоилковска, клучниот поен за нашата репрезентација го донесе најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-3 славеше над Екатерина Вишневскаја.
Останува денеска да се одигра уште дуелот во двојки кој нема никакво резултатско значење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

