Македонскиот боксер Ален Рустемоски го заврши својот настап во категоријата до 57 килограми на Европските игри во Краков, Полска.
Нашиот боксер во првото коло од оваа тежинска категорија загуби од Швеѓанецот, Небил Махмуд Ибрахим со 4-1.
Елиминација на самиот старт на турнирот доживеа и Илхан Атила Озмен кој во категоријата до 63.5 килограми загуби од Италијанецот, Џанлуиџи Маланга со 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА