Второлигашот Охрид Лихнидос го засили средниот ред со ангажман на Емил Скоко од екипата на Тетекс. Откако со „штофатите“ успеа да обезбеди нов второлигашки статус, Скоко се реши да ја смени средината.
Скоко во минатото играше за младинците на Македонија ЃП, па во редовите на Њу Старс, од каде замина во Осогово. Од Осогово се сели во Тетекс, а шест месеци беше дел и од Локомотива, од каде се врати во Тетекс.
Претходно Охрид потпиша со Виктор Наумовски, кој се врати во редовите на охриѓани. Охрид се раздели со Христијан Митревски, Александар Ѓоргиевски, Кристијан Костовски и Хадис Таири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА