Рафаел Бенитез и официјално е нов тренер на Селта Виго. 62-годишниот искусен стручњак потпиша двегодишен договор со клубот од Ла Лига. Тој после седум години се врати во Шпанија, откако последен пат во 2015/2016 го водеше тимот на Реал Мадрид.
Бенитез ќе има задача да го издигне тимот од Виго, кој сезонава едвај се спаси од испаѓање. После Реал Мадрид, Бенитез ги водеше Њукасл, кинескиот тим Далиан и премиерлигашот Евертон.
Во минатото Шпанецот беше тренер на Наполи, Челси, Интер, Ливерпул, Валенсија, тенерифа, Екстрамадура, Осасуна, Валјадолид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

