Ким Мин-џае импресираше со настапот во дебитантската сезона во Серија А каде беше клучен дел од Наполи за освојување на првата шампионска титула по пауза од 33 години, а по голем знак прашалник е настапот во италијанското првенство и втора сезона по ред.
За услугите на стоперот се заинтересирани европските гиганти Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, а во трката сега влезе и Њукасл Јунајтед. Клубот со најбогат газда во светот составува одличен тим за камбекот во Лигата на Шампиони и во него гледа врвно засилување.
„Црно-белите“ кои се на прагот да го официјализираат трансферот на Сандро Тонали му нудат и голема плата на 26-годишниот Кореец од загарантирани 230 илјади евра месечно која со бонуси може да достигне и до милион.
Баерн Минхен важеше за голем фаворит во оваа трка, но останува да се види дали „црно-белите“ од Њукасл ќе ги замрсат сметките на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА