Струга ТЛ не прифати: Првиот меч со Жалгирис во ЛШ во Литванија на 11. јули

Екипата на Струга ТЛ не прифати првиот меч против Жалгирис во првото квалификациско коло во ЛШ да го игра како домаќин, иако ждрепката беше прво да се игра во Литванија, а потоа во Македонија. Но, литванскиот шампион испрати барање до Струга за промена на домаќинството, поради тоа што во Вилнус на 11 и 12 јули се одржува самит на НАТО, и безбедноста во градот ќе биде качена на високо ниво.

Меѓутоа Струга ТЛ одговориле дека не го прифаќаат тоа, и сега официјално на 11 јули се игра првиот меч на теренот на Жалгирис, а реваншот е на 19 јули, најверојатно во Охрид.

„Направивме максимални напори да го смениме датумот на домаќинстовот, бидејќи сметавме дека тоа ќе беше корисно за двете екипи. Благодарност до УЕФА и до Литванската федерација за посредувањето, но нашиот противник не се согласи и сега мораме да се држиме според ждрепката. Бараме трпение и разбирање од сите додека се прилагодиме на вонредната ситуација. Поддршката од навивачите е важна, па ќе ги чекаме на стадионот“, изјави директорката на Жалгирис, Вилма Венсловаитје.

Се вчитува...