Един Џеко се збогува со навивачите на Интер: Чао луд Интер…

Един Џеко по две години поминати во Интер заминува од италијанскиот гигнат со кој оваа сезона стигна до финалето во Лигата на Шампионите и го освои Купот на Италија и кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.

Искуниот репрезентативец на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи се збогува со навивачите на „нероаѕурите“.

„Чао луд Интер, ова беа неверојатни две години. Прекрасно беше на теренот со тренерите и соиграчите. Прекрасно беше и на трибините – „Сан Сиро“ е секогаш пол со неверојатно навивање.

Давав голови. Сонував. Сите заедно сонувавме, поминувавме километри заедно и освоивме четири трофеи. Тоа беше неверојатно патување. Сега се разделуваме, но ви благодарам за се. Среќно во иднината. Форца Интер“, напиша Џеко.

Се вчитува...