Маркус Турам е слободен играч по истекот на договорот со Борусија Менхенгладбах, а францускиот крилен офанзивец летово доби неколку интересни понуди. Сепак, иднината на Французинот лежи во италијанската Серија А, откако најпрвин Лајпциг се откажа од преговорите за ангажман на Турам, а денеска истото го стори и ПСЖ.
Шампионот на Франција во овој играч гледаше идеална резервна опција, но „светците“ одбија да влезат во наддавање за играч што секако не го сметаат за стандарден првотимец. Во една таква ситуација, во преден план останаа градските ривали Милан и Интер, кои сега во директна трка ќе решат каде Турам ќе ја продолжи кариерата.
„Росонерите“ подолго време го следат овој играч и важеа за фаворити до неодамна. Сепак, информациите од Италија говорат дека понудата од Интер била повисока од онаа на Милан, па останува да се види како ќе се одвива трката во наредните неколку дена, со оглед на најавите дека Турам е решен одлуката да ја донесе до крајот на овој месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА