Фудбалскиот клуб Партизан е приморан да го продаде својот најдобар фудбалер, во ситуација кога „црно-белите“ се дават во огромни долгови. Токму поради ова, Рикардо Гомеш си заминува од таборот на белградските „црно-бели“ и кариерата ќе ја продолжи во Катар. Имено на клубот засега не се обелоденува, но српските медиуми информираат дека Партизан ќе заработи 1,5 милиони евра од трансферот, добра сума ако се знае дека Гомеш веќе има 31 година и влегуваше во последната сезона од договорот со српскиот клуб.
„Црно-белите“ имаа катастрофална сезона во српското првенство, кризата се повеќе се продлабочува од ден на ден, па немаа преголем избор по понудата што пристигна за најдобриот фудбалер на овој тим. Интересно, Рикардо по втор пат ќе си замине од Партизан, првиот пат српскиот тим го продаде за три милиони евра, по што го врати без никаква отштета, за сега повторно да го продаде за 1,5 милиони евра.
Тој одигра 151 натпревар во црно-белиот дрес, притоа постигнувајќи 92 гола надополнети со 19 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА