Рома стави крај на неуспешната авантура на Џастин Клајверт во дресот на „римската волчица“, продавајќи го холандскиот интернационалец на премиерлигашот Борнмут. Овој клуб се согласи да плати 11 милиони евра, плус еден милиони доколку се активираат неколку клазули, со што Клајверт дефинитивно си заминува од Рома откако не ги оправда очекувањата на римскиот клуб.
Римјаните го платија синот на Патрик Клајверт 17,25 милиони евра од таборот на Ајакс во 2018 година, но тој никогаш не ја оправда инвестицијата. Во последните годии беше испраќан на позајмици во Лајпциг, Ница и Валенсија, чии бои ги бранеше во последните месеци, но Рома инсистираше тој летово да биде продаден, наместо да оди повторно на позајмица.
Постоеше интерес од неколку англиски премиерлигаши, но најконкретни беа челниците на Борнмут, кои набрзина го комплетираа трансферот што официјално беше потврден вечерва.
Клајверт потпиша договор на четири сезони со овој клуб, за годишна плата од 4,5 милиони евра плус бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА