Интер ќе биде новиот клуб на Маркус Турам, кој по долго размислување реши да ја прифати понудата на „нероаѕурите“ со кои ќе потпише договор во наредните 48 часа.
Ова е голема дерби победа на актуелниот европски вицепрвак ако се знае дека Милан долго важеше за фаворит во трката по Турам, а „нероаѕурите“ подоцна од останатите се вклучија со понуда за франуцскиот фудбалер. Тој беше слободен на пазарот по истекот на договорот со Борусија Менхенгладбах, а како пресудна се покажа понудата од шест милиони евра по сезона од Интер, што беше за еден милион годишно повеќе од она што го понуди Милан.
„Нероаѕурите“ ги очекува ремонт на навалната линија по заминувањата на Џеко, Кореа и на Ромелу Лукаку, а доаѓањето на Турам дефинитивно ќе биде од помош на тренерот Симоне Инзаги.
Интер во меѓувреме ги продолжува и преговорите со Челси околу Ромелу Лукаку, откако понудата од осум милиони евра за нова едногодишна позајмица беше експресно одбиена од страна на управата на лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА