Стоилковска загуби во тешка битка во првиот меч од финалето против Ерменија

Македонската женска репрезентација губи со 0-1 по првиот меч во финалето од Третата европска зона во Били Џин Кинг купот кој се игра во Скопје.

Македонија има негатива од 0-1 против Ерменија во финалето, откако Магдалена Стоилковска загуби по тешка битка во три сета од Ирена Мурадјан.

Мурадјан го доби првиот сет со 6-4, во вториот Стоилковска возврати со 4-6, за да на крај Ерменката убедливо со 6-0 го добие третиот сет за триумф во првиот натпревар.

Се вчитува...