Тенисерките со значаен успех: Влез во Втората Евроафриканска зона

Женската тениска репрезентација на Македонија стигна до одличен резултат, триумфирајќи во Третата европска зона од „Били Џин Кинг“ купот, што значи и промоција во повисок ранг на натпреварување нардната година.

Македонија денеска во големото финале се сретна со селекцијата на Ерменија, по голема битка славејќи со 2-1 со победи благодарение на одличната Лина Ѓорческа. Ерменките поведоа благодарение на триумфот на Мурадјан над Стоилковска, на 1-1 изедначи Ѓорческа кој со 6-0, 6-0 ја прегази Давтјан, а потоа во решавачкиот меч во двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа Мурадјан и Давтјан со 6-3, 6-2.

По победите на сите натпревари во оваа Трета зона, нашата репрезентација се сели во Втората Евроафриканска зона, каде за ривали ќе има селекции како Литванија, БиХ, Естонија, Израел, Јужна Африка…

Се вчитува...