Манчестер Јунајтед ја привршува потрагата по нов елитен голман откако не беше постигнат договор за продолжување на соработката со Давид де Хеа. Шпанскиот чувар на мрежата не прифати преполовување на платата како што му беше понудено од „црвените ѓаволи“ и летово си заминува од „Олд Трафорд“, а на негово место се очекува да пристигне Андре Онана.
Голманот на Интер е сериозно заинтересиран за преселба во Премиер-лигата, за неговите услуги се интересираше и Челси, но Јунајтед во изминатите 48 часа направи значаен чекор напред во оваа трка. Интер инсистираше на понуда од 60 милиони евра, а Јунајтед е првиот клуб што стигна до 50 милиони загарантирана сума, плус дополнителни пет милиони како евентуални бонуси поврзани со неколку клаузули.
„Нероаѕурите“ сега сериозно размислуваат да ја прифатат понудата и да му дозволат на Онана да се пресели во Манчестер, како би имале и доволно време за да доведат соодветна замена на „Џузепе Меаца“. Прва желба им беше Викарио од Емполи, но тој во меѓувреме се договори со Тотенхем, па сега „нероаѕурите“ се принудени да бараат нови опции на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА