Нејмар го чека нова драконска парична казна, поради нелегалните градежни активности во Бразил

Бразилецот Нејмар е казнет со парична казна поради игнорирање на наредбите за стопирање на недозволен градежен проект во неговата резиденција во Бразил.

Нејмар веќе е казнет со милион долари поради разни „еколошки злочини“ за време на изградбата на неговата луксузна резиденција во туристичкото место Мангаратиба, 120 километри од Рио де Жанеиро. Бразилците власти издале наредба за стопирање на сите активности, но Нејмар наспроти тоа одржал забава на вештачкото езеро.

Општината Мангаратиба по инспекциски надзор утврдила дека се прекршени наредбите за запирање на градежните активности. Посебно казниво е тоа што Нејмар и неговиот татко противзаконски ја пренасочиле реката, а воочени се неовластени ископувања на земјиштето и користење на плажите без дозвола.

Ова е само уште еден во низата проблеми за Нејмар, поради што го чека нова драконска казна. А, сето тоа и додека се уште не знае каде ќе игра следната сезона, по несогласувањата и со ПСЖ.

Се вчитува...