Чеферин жестоко против навивачите кои само навредуваат и плукаат: Мора да се ослободиме од идиотите во фудбалот!

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин одржа жесток говор на отворањето на Конгресот на европските фудбалски навивачи во Манчестер.

Чеферин се осврна на изминатата сезона, истакнувајќи незадоволство од организацијата на финалињата во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

„Сите сме свесни дека во Истанбул не беше се совршено. Секако не ги намалувам проблемите, но дозволете ни да продолжиме заедно да работиме како би го подобриле тоа што можеме. Пред се мислам на превозот до стадионите и назад, да ја прифатиме публиката на најдобар начин и да и озвоможиме идеални услови за следење на мечевите“ – рече Чеферин, коментирајќи го и судирот на навивачите во финалето на Конференциската лига во Прага каде играа Фиорентина и Вест Хем.

„Мора да го подигнеме гласот, да ги бараме одговорните и да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот и нормалните навивачи. Да се ослободиме од оние кои сеат омраза кон фудбалските службеници, судиите, сојузите и лигите. Па, тие луѓе против кои пцуете се навивачи како вас, го сакаат фудбалот како вас, и имаат семејства како вас“ – истакна Чеферин.

Се вчитува...