Маунт, место во Јунајтед, завршува во Баерн Минхен

Фудбалерот на Челси, Мејсон Маунт најверојатно кариерата ја продолжува во германски Баерн Минхен. Откако неуспешно завршија преговорите на Челси со Манчестер јунајтед, Баерн Минхен сега активно се вклучи во разговори за ангажман на Маунт.

Манчестер Јунајтед и Челси две седмици интензивно преговараа за трансферот на Мејсон Маунт, но не успеаја да постигнат договор за англискиот репрезентативец да се пресели на „Олд Трафорд“. Јунајтед во текот на вчерашниот ден испрати последна понуда во висина од вкупно 55 милиони фунти, што денеска беше и официјално одбиена од страна на Челси, од каде беше повторен ставот дека Маунт нема да си замине за помалку од 65 милиони фунти.

„Црвените ѓаволи“ немаат намера да ги продолжат преговорите, па веќе го насочија вниманието кон останатите играчи за врска кои се на листата со желби на тренерот Тен Хаг. Следен на таа листа е Моисес Каиседо, еквадорскиот репрезентативец од таборот на Брајтон кој се наоѓа многу блиску до трансфер во Челси. Каиседо веќе го одби Арсенал поради желбата да стане дел од Челси, но во Јунајтед се оптимисти дека ќе успеат да го убедат да се пресели на „Олд Трафорд“, како своеврсна одмазда за неуспешните преговори за Маунт.

Се вчитува...