Тинекс Пролет го комплетираше и вториот трансфер во овој преоден рок откако успешно ги финишираше преговорите со Антонио Николовски.
Станува збор за 24-годишен ракометар кој настапува на пивотменската позиција, а го краси и цврстина во одбраната, со што сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Лембанов во новата натпреварувачка сезона. Николовски има настапувано за Вардар јуниор, а ланската сезона ја почна во дресот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во таборот на Јуниор Кисела Вода.
Николовски е второто засилување за пивотменската позиција на Тинекс Пролет, откако веќе беше потпишан договор за соработка и со поранешниот младински репрезентативец Филип Арсеновски.
Во меѓувреме беа продолжени договорите со Палевски, Михаљевиќ и со Петковски, а управата на клубот ќе продолжи да работи на комплетирање на играчкиот кадар за наредната натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА