Освојувањето на титулата во АБА-лигата на Партизан се уште е главна тема во српската спортска јавност, а во дискусијата денеска се вклучи и претседателот на државата, Александар Вучиќ.
Не е тајна дека Вучиќ важи за поддржувач на Црвена Звезда, за што често низ годините беше критикуван од приврзаниците на Партизан, па српскиот претседател потстети дека токму државата со помошта на „црно-белите“ дала свој придонес за освоениот трофеј.
„Десет години бев виновен што Партизан немаше титула во АБА-лигата. Сега кога конечно станаа шампиони, се сетија да се заблагодарат на државата, но со ден задоцнувања и тоа онака едвај, за да можат да продолжат да глумат жртви. А вистината е дека добија еден тон пари од нас, впрочем како и Црвена Звезда“, изјави Александар Вучиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

