Новото чудо од дете од Франција, Виктор Вембањама беше избран за прв пик на драфтот од страна на Сан Анотниот Спурс.
Според извештаите, едно од главните барања на Французинот во однос на дебитантската сезона е да игра на секој можен натпревар. Поради тоа, 219 центиметри високиот кошаркар не сака да се штеди, а од Спурс порачаа дека ќе направат се што е во нивна моќ тоа да се случи.
Минатата сезона Вембањама ги одигра сите 34 натпревари за Метрополитенс и во француската лига имаше просек од 21,6 поени, 10,4 скока, 2,4 асистенции и 3 скока.
Тој беше запрашан кого би избрал кога би морал да одбере петорка која ае игра за да го спаси светот, а Французинот ги избра: Стеф Кари, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Тим Данкан и Шекил О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

