Француското чудо од дете Виктор Венбањама нема да настапи за репрезентацијата на „галските петли“ на Мундобаскетот.
Новиот кошаркар на Сан Антонио Спарс до пред само неколку дена изјави дека ќе им биде на располагање на „триколорите“, но сега донел, како што вели, тешка, но конечна одлука.
„Спарс би ме поддржале без разлика што и да одлучам. Таа одлука ја донесов поради мојот развој и за да не го преоптоварувам телото. Се надевам дека луѓето разбираат, ова е фрустрирачко и за мене. Се уште ми е важна француската репрезентација, сакам да освоиме што повеќе титули, но ова е неопходна жртва“, вели Вембањама.
Селекторот на Франција и до неодамна тренер на Вембањама во Метрополитенс, Винсан Коле на тој начин остана без еден од важните адути, но и без можност да го вклопи 19-годишникот во тимот пред Олимписките игри во Париз следното лето.
Светското првенство почнува на 25. август, а Франција е во група со Канада, Летонија и Либан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

