Италија добива големо засилување за Мундобаскетот

Италијанската кошаркарска репрезентација би можела да добие големо засилување за Мундијалот. По лошата вест дека Паоло Банкеро избра да игра за САД, претседателот на Италијанската кошаркарска федерација, Џани Петручи, објави дека плејмејкерот на Басконија, Дариус Томпсон би можел да игра за „аѕурите“.

„Недостасуваат само неколку документи. Веруваме дека Дариус Томпсон ќе може да се приклучи на подготовките на крајот на јули, под услов да го повика тренерот Поцеко“, изјави Петручи.

Томпсон беше еден од најдобрите играчи на Басконија, која минатата сезона во Евролигата имаше скор 18-16. Тој во Евролигата бележеше по натпревар 12,6 поени, 3,2 скока и 6,7 асистенции.

Италија на Мундобаскетот во Јапонија, Филипини и Индонезија е во гупа со Ангола, Домениканска Република и Филипини.

Се вчитува...