Артета: Следната сезона ќе биде најтешката во историјата на Премиер-лигата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека клубот мора да го засили составот во летниот преоден рок доколку сака да ја освои титулата во Премиер-лигата.

Шпанскиот стратег смета дека следната сезона ќе биде најтешката во историјата на ова натпреварување.

„Следната сезона ќе биде најтешката во историјата на Премиер-лигата. Зошто? Минатата сезона веќе беше така. Во Англија сум 22 години и никогаш не сум видел такво натпреварувачко ниво. Толку квалитет, организација, толку многу ресурси, толку многу добри тренери. Тоа е нивото, а ако сакаш да ја освоиш Премиер-лигата треба да бидеш најдобар. Затоа мора да се засилиш“, изјави Артета.

Арсенал беше на првото место на табелата во поголемиот дел од сезоната која штотуку заврши, но на крајот сепак титулата ја одбрани Манчестер Сити.

Се вчитува...