Од руски затвор до „ол-стар“ за шест месеци

Кошаркарката на Феникс Меркјури, Бритни Гринер е избрана за учесничка на Ол-стар натпреварот на ВНБА.

Гринер, која е во својата 10. сезона во ВНБА, ќе го забележи деветтиот настап во ол-стар натпреварот, кој е закажан за 15. јули во Лас Вегас.

Таа сезонава има просек од 19,1 поен и 6,4 скока по натпревар, но нејзиниот тим од Феникс е најлош во лигата, со две победи и 10 порази, поради што управата на клубот вечерва го отпушти тренерот Ванеса Најгард.

Двократниот олимписки шампион ја пропушти целата минатата сезона откако помина 10 месеци во руски затвор.

Таа беше уапсена на 17 февруари минатата година на аеродромот Шереметјов, бидејќи во багажот имала патрони за електронски цигари со масло од канабис, и е осудена на девет години затвор.

Гринер беше ослободена на почетокот на декември во размена на затвореници, кога беше разменета за рускиот трговец со оружје Виктор Бут, кој отслужуваше 25-годишна затворска казна во американски затвор.

Таа се врати на теренот во мај играјќи за Феникс, а оттогаш пропушти три натпревари поради повреда на колкот.

Се вчитува...