Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Бразилецот Роберто Фирмино, добил понуда да ја продолжи кариерата во Ал Ахли, клуб чив член е и македонскиот Езгијан Алиоски.
На Фирмино му истече договорот со Ливерпул, а бразилскиот фудбалер наводно имал понуди од Јувентус и Реал. Сепак, искусниот напаѓач донесе одлука кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Британските медиуми пренесуваат дека управата на Ал Ахли на бразилскиот фудбалер му понудила тригодишен договор вреден 60 милиони евра. Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година од Хофенхајм за 29 милиони фунти.
За клубот од „Енфилд“ одигра 362 натпревари и постигна 111 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

