Навивачите на Реал Мадрид на „седмо небо“ по новиот договор на Модриќ: Лојалноста му е пред парите…

Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид и за сезоната 2023/24 со што фудбалерот кој освои 23 трофеи на „Сантијаго Бернабеу“ за 11 години ги импресираше навивачите ставајќи ја лојалноста кон клубот пред богатите понуди од 200 милиони евра кои дојдоа од Саудиска Арабија.

Фановите на Реал Мадрид официјализирањето на новиот договор го проследија со лавина коментари, сите во полза на капитенот на хрватската репрезентација.

„Лојалноста му е пред парите“, „Не можам да дочекам да го видам на теренот заедно со Џуд“, „Модриќ за претседател“, „Магионичар“, „На овие години Иниеста течно говореше јапонски“, се само дел од коментарите.

Се вчитува...